SWOT analiza vo pelagoniski
region (makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 18 | Nivo:
Tehnicki fakultet, Bitola - Industriski Menadžment
Вовед
Планирањето е клучниот аспект на менаџментот
како процес. Во основа тој е процес на донесување на одлуки преку кој
организациите одлучуваат што сакаат да постигнат, како тоа ќе го направат. Во
контекст на организациското планирање главна улога има стратегискиот менаџмент,
кој што претставува долгорочен и продлабочен пристап како основа за планирање
на ниво на организација или бизнис единка. Од тука произлегува дека бизнис
стратегијата е план дизајниран за да се извојува конкурентска предност пред
конкурентите. За таа цел треба да се направи анализа на предностите и
недостатоците кои ги има организацијата, а исто така и на можностите кои можи
да ги искористи и заканите кои треба да ги избегни. Сите овие анализирани
елементи се компоненти кои ја сочинуваат SWOT анализата. Меѓутоа, SWOT
анализата не се користи само во организациите и бизнис плановите на менаџерите,
туку може со неа да се анализира буквално се, па дури и секој човек можи да си
направи SWOT анализа за своите особини за да ги согледа своите способности.
Во оваа семинарска работа, имајќи ги во предвид
околностите во кој што се развива Пелагонискиот регион, како најголема котлина
во Македонија, ќе ги анализираме нејзините предности и недостатоци во една SWOT
анализа. Со тоа ќе можеме да ги согледаме поволностите кои ги нуди за подобро
развивање на земјоделството како најјака индустриска гранка во овој регион.
Примената на стратегискиот менаџмент во
стратешкото развојно планирање
Стратешкиот менаџмент претставува проактивен
процес на остварување на долгорочна компактибилност на организацијата во
предвиденото окружување.
Процесот на стратегискиот менаџмент содржи три
фази или степени:
Формулирање на стратегијата
Имплементирање на стратегијата
Евалуирање на стратегијата
Развојното планирање претставува организиран,
систематизиран и институционализиран процес, кој што е континуиран и творечки.
Кога се вели развојно планирање тоа значи дека станува збор за позитивни
квалитативни промени во животот и работата на организацијата. Стретешкото
планирање се однесува на ефектите кои ќе произлезат во иднината од одлуките кои
ги носиме сега. Ова значи дека гледаме во причините и ефектите (последиците),
во текот на еден подолг временски период, врз основ на донесена одлука. Тоа е
процес кој започнува со воспоставување на цели, дефинира стратегии и политики
за да се постигнат целите, и развива детални планови со цел да обезбеди
имплементирање на стратегиите и постигнување на резултатите.
Процесот на стратешкото или развојно планирање
се одвива низ повеќе фази и чекори:
---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com
besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!